Го нарекле Cheddar Man, фосил од маж пронајден во 1903 во Gough’s Cave во Англија. Утврдено е дека потекнува од мезолитот, околу 9100 години пр.н.е., и дека загинал на ужасен начин. Тоа е најстариот комплетен човечки скелет во Велика Британија.

Благодарение на новата технологија, истражувачите од University College и од Природонаучниот Музеј во Лондон успеале да извршат генетска анализа на ДНК низа извадена од черепот на Cheddar Man и да направат реконструкција на неговото лице. Резултатите кои беа објавени на 8ми февруари ја кренаа јавноста на нозе. Спротивно на културолошките претпоставки за регионот, првиот модерен човек на островот имал темна кожа и сини очи. 

Според професорот по генетика на UCL, Марк Томас, оваа индивидуа е дел од други европски племиња во Шпанија, Унгарија и Луксембург, на кои веќе им била извршена ДНК анализа.  Овие ловци и собирачи од западот мигрирале во Европа кон крајот на леденото доба, меѓу кои биле и предците на оваа индивидуа.

Археолозите веруваат дека овој наод конечно ќе покаже дека „измислените расни категории кои ги поседуваме се само модерни конструкции, кои во минатото воопшто не се употребувале“.

Првата реконструкција, пред можноста за ДНК анализа

Луѓето кои денес живеат во Самерсет и околината, каде што Cheddar Man Бил пронајден пред 100 години, викаат дека се гордеат со нивниот предок. Остатокот од светот уште се бори со мислата дека Африканците имаат темен тен бидејќи се цело време изложени на сонце.

ИЗВОР 2Mashable
Претходна статијаApple прераснува во закана за целата швајцарска индустрија за часовници
Следна статијаБританија ќе лови он-лајн екстремисти со помош на вештачка интелигенција