Нашиот универзум се создал пред околу 13.7 милијарди години за време на Големата експлозија.

Прашањето кое не’ тера да се запрашаме е што всушност се случувало пред оваа Голема експлозија? Или едноставно одговорот се сведува на едно големо ништо? Дали воопшто вреди да се размислува за нешто пред големата експлозија?

Колку за потсетување, големата експлозија е кога нешто неверојатно ситно почнува да расте низ времето. Така расте милијарди години за да стане универзум таков каков што ни е познат денеска.

Повеќето од нас можеби би очекувале некој сеопфатен или барем пообемен одговор на ова прашање со оглед на комплексноста на темата.

Нил де Грас Тајсон, во своето популарно шоу „Ѕвездени муабети“ муабети токму на оваа тема. Тоа го прави со својот колега – физичарот Стивен Хокинг.

Одговорот на Хокинг звучи навистина едноставно – ништо. Иако одговорот може да се сумира во само еден збор, тоа не значи дека решението на загатката не е комплицирано.

Според Ајнштајновата Теорија на релативност, следува дека просторот и времето се соединуваат во континуум простор-време. Овој континуум не е рамен, туку е заоблен како последица од материјата и енергијата кои ги содржи – тврди Хокинг. Како дополнително објаснување, Хокинг го зема Евклидовиот пристап кон квантната гравитација во предвид.

Според него, обичното реално време е заменето со замислено време кое ја има улогата на четврта димензија.

„Кај пристапот на Евклид, историјата на универзумот во замислено време е четиридимензионална заоблена површина. Впрочем, замислете ја како површината на Земјата и само додадете уште две димензии“ – појаснува Хокинг.

Дали веќе зборуваме за нешто што е шест-димензионално? Хокинг инсистира на фактот дека универзумот нема граници.

Всушност, континуумот простор-време е затворена површина без крај, со налик на  површината на Земјата.

„Замисленото и реалното време фиктивно може да се претстават како почеток на Јужниот Пол. Тој е мазна точка од релацијата време-простор, каде важат вообичаените закони на физиката“ – вели Хокинг.

Крајниот одговор се сведува на фактот дека не постои ништо јужно од Јужниот пол, па заклучуваме дека не постоело ништо и пред големата експлозија. Од таа временска точка, времето и просторот само продолжуваат да се шират – завршува Хокинг.

Со нашата маленкост како обични луѓе, разбирливо е зошто ни’ е тешко да го дефинираме вистинскиот одговор.

Како да се објасни потенцијалната бесконечност која и самите не ја разбираме?

Астрономите исто така работат и на откривање на историјата непосредно големата експлозија.  Пред само неколку денови, детектирани се сигнали со отпечаток дури од првите ѕвезди.

Еден ден самите или можеби со помош на вонземјаните ќе го откриеме вистинскиот одговор.

Како и да е, дотогаш останува да се надеваме.