Денес сигурно се изначитавте наслови во кои пишува дека научниците телепортирале објект во вселената. И ова ве натера многу полесно да кликнете, нели? На Смартпортал се обидуваме да бидеме малку попрецизни – објектот во случајов е фотон (што реално и не е објект) кој е телепортиран на далечина од 1.400 km, што ова откритие и не го прави помалку важно.

Можноста да се телепортира фотон или некоја друга честичка им е позната на научниците одамна. Се работи за работа позната во квантната физика како квантен заплет, каде две честички оддалечени дури и милијарди километри далеку, можат да постојат во исто време.

Двете честички во овој случај ги делат целосно истите својства – се работи за истата честичка, но присутна на две места во просторот и кога едната ќе ги смени својствата и другата ги менува во апсолутно исто време. Ова важи за сите квантни честички, меѓу кои спаѓаат и фотоните, кои се составен дел на зракот светлина.

Во овој случај, научниците од Кина ги разделиле квантно споените честички на земјата и потоа едни од нив ги однеле во вселената. Природно, кога својствата на честичката на земјата се промениле (на пример споена е со целосно друга честичка), се менуваат и тие на честичката во вселената (и таа ги прима својствата на третата честичка од земјата).

Ова откритие не значи дека наскоро ние ќе можеме да се телепортираме – да се направи квантен заплет од целиот ваш организам е ѓаволски тешка работа, веројатно и невозможна во наредните неколку векови, иако е реална.

Сепак, ова открите би можело да донесе супер, пардон, мега брз квантен интернет, од кој слободно може да го извадите времето од равенката. Поточно, информациите кај квантниот интернет ќе бидат инстантно достапни, односно нема да треба да помине време за да ги добиете, независно на која далечина ќе се наоѓате.

Извор: Time, BBC, The Guardian

Претходна статијаВо ноември 2017 ќе се одржи шестото издание на „Самит Македонија 2025“
Следна статијаSamsung случајно го прикажа Galaxy Note 8?