NASA, Марс

Сега е веќе и официјално – NASA планира да дизајнира пчели роботи кои ќе го истражуваат просторот на Марс. Во моментов тие располагаат со неколку тимови на научници, кои веќе работат со полна пареа. Истражувањето е во рана фаза. NASA праќаше пчели роботи и претходно, меѓутоа тие имаа доста недостатоци. Сега се планира мини – роботите да имаат многу сензори, да се движат брзо и да бидат во можност да обработуваат големи површини и тоа по ниска цена.

Во секој случај, станува збор за огромен потфат. Проектот е меѓу 25 – те проекти кои ќе бидат финансирани од институцијата за да овозможи праќање на луѓе на црвената планета. Сето ова е во рамките на програмата за Иновативни и напредни концепти.

Пчелите-роботи веќе си имаат и свој термин. Наречени се Mars Bees. Во моментот, првата цел е дефинирање на нивниот дизајн. Фокусот за почеток е ставен на дизајнирањето на крилјата, односно се прават експерименти за да се утврди која би требало да е нивната минимална тежина. На ова работат три тимови.

Првата група се научници од Универзитетот на Алабама во Хунтсвил. Втората група се истражувачите од Џорџ Вашингтон Универзитетот и третата ја сочинуваат научници кои доаѓаат од Токио Универзитетот од Јапонија. Според изјавите кои ги дадоа истражувачките тимови, главниот предизвик е да се овозможи пчелите да имаат соодветно напојување. Според д-р Чанг-Квон Канг, еден од истражувачите позади оваа иницијатива, ова ќе биде огромен напредок за истражувачките мисии на Марс.

Како и да е, несомнено дека многу работа чека да биде направена. Научниците ќе треба да покажат дека таквите микро-ботови ќе можат добро да летаат на небото на Марс. Ќе треба да им се овозможи самостојно функцинирање и носење на корисни сензори. Дополнително, ќе се бара и средство за чистење на прашината од нивните тела и крилја, за да не го попречуваат прибирањето на податоците. NASA очекува ваквите истражувања да потраат околу една деценија за да ја докажат својата изводливост.

Останува да видиме со што ќе не’ изненадат. Којзнае што се’ се наоѓа на Марс, а досега не било откриено.

Што мислите вие? ?

Пишете ни во коментар ? ?

Претходна статијаКако Твитер се бори против тероризмот на својата мрежа?
Следна статијаЈован Андонов, асистент на ETH во Цирих: Бидете добри студенти, тоа секогаш ќе биде мангупски!