Конечно, неуронаучниците успеаа да го проследат патот на човечката мисла низ мозокот, од зачеток до исполнување. Со ова, тие успеаа да ги откријат можности на префронталниот кортекс на мозокот.

Оваа историска можност научниците ја имале за време на операција на пациенти кои страдаат од епилепсија. За да можат да ја следат електричната активност на невроните во нивните мозоци, истражувачите се користеле со техника наречена електрокортикографија, со која стотина мали електроди се нанесуваат околу кортексот. Оваа техника може да собере многу повеќе детали од стандардното ЕЕГ.

Пациентите кои подлегнуваат на операција за епилепсија се секогаш поврзани на електрокортикограф за секој случај, што им овозможи за истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, како и од Одделот за Неврологија при Универзитетската болница Johns Hopkins, да се приклучат со нивното истражување.

Тие на пациентите им поставувале неколку едноставни задачи, како на пример да повторат некој збор или да го кажат неговиот антоним. Со помош на електрокортикографијата, тие ја следеле електричната активност во невроните и како таа се пренесува од еден регион во мозокот во друг. Сите патишта воделе кон префронталниот кортекс.

Префронталниот кортекс е „командниот центар“ на нашиот мозок. Тој го регулира учењето, планирањето, меморијата и расположението. Тој е и причината зошто кај тинејџерите често се случува да се однесуваат ирационално и импулсивно; нивниот префронтален кортекс сé уште не е развиен.

ИЗВОР 2Futurism
Претходна статијаШто ќе значи Harry Potter: Wizards Unite за AR и VR светот?
Следна статијаInstagram тестира означување на корисиците кои направиле screenshot од вашиот Story