Да, точно прочитавте. Сценариото во кое Iron Man ја носи нуклеарката во вселената може да стане реалност (со малку бујна фантазија), благодарение на овој ултра моќен ласер. Ласерот, кој се наоѓа во една мала лабораторија во Шангај, ги создава најмоќните пулсови светлина што светот ги има видено, или допрва ќе ги види.

Во срцето на ласерот, кој е наречен Superintense Ultrafast Laser Facility, или SULF, се наоѓа сафир појачан со титаниум во форма на цилиндар чија што ширина е грубо колку една голема плитка чинија. Во 2016, овој ласер успеа да постигне моќност од 5.3 милиони билиони вати, односно 5.3 петавати (PW). Тоа се многу нули. За да можете да разберете која е таа количина, замислете вака: еден PW е еднакво на 1 квадрилион (10 на 15та) вати, што е еднакво на вкупната потрошувачка на енергија на планетава, помножено со 50.000. Тука можеби пред очи ви излегува сцена каде што при секое палење на ласерот пола Шангај губи струја, не тоа не е така во реалноста.

Ласерот е доста моќен, не неговите пулсови траат неверојатно кратко: секој пулс трае едвај еден трилионити дел од секундата. Сепак, физичарите не губат надеж. Тие работат посветено на нивното чедо, надевајќи се дека до крајот на 2018 години ќе можат да произведат пулс со јачина од 10 PW, моќност 1000 пати поголема од сите електрани во светот на куп.

Ласерот е неверојатно мал, може да го собере на биро, но неговата моќ е неверојатна. Тимот од научници кои го градат се надеваат дека со ласерот ќе можат да го прекршат вакуумот во просторот. Процесот, кој звучи како нешто што би го имало само во некој забеган sci-fi стрип, вклучува висококонцентриран сноп од светлина кој би можел да го откорне електроните и антиматеријата од просторот, со што конечно би се докажало дека E=mc2  е точно.

Извор: Science

Претходна статијаЕлектричниот камион на Tesla виден на комерцијален пат
Следна статијаФестивал на смеата на Pickbox