Веќе неколку пати на нашиот сајт пишувавме дека иднината на на компјутерите е во квантните процесори и чипови, кои драматично ќе ја зголемат брзината на обработка на податоците. Сепак, квантната физика и квантните правила нема да имаат удел само во брзината на компјутерите, туку и во преносот на податоци. Имено, кинески научници направија прв видео чет со помош на квантна технологија, кој се случува во реално време, односно дури и да нема заостанување меѓу тоа што го зборуваат соговорниците.

Тоа е така бидејќи оваа технологија функционира со квантни парови, односно фотони, кои се квантно поврзани. Кога едниот фотон на едната страна ќе ја смени формата, ја менува и фотонот на другата страна, инстантно. Во теорија, ова би можело да се случи инстантно на далечини од милиони светлосни години, односно од едниот до другиот крај на вселената, се додека двете честички се квантно поврзани.

Со помош на сателитот “Micius”, кој орбитира околу земјата на 500 километри, Чунли Баи од Кинеската Академија на Науките и Антон Зеилингер од Австриската Академија на Науките направија видео чет со помош на квантна технологија, што е прв од таков вид во светот и е исклучително значаен за напредокот на квантната технологија во светот, која би можела да донесе значително зголемување на брзините за пренос на податоци.

Покрај повисоката брзина, оваа комуникација е многу побезбедна, бидејќи нема да може да биде пресретната, односно двете страни ќе мора да го имаат „клучот“ со кој ќе можат квантно да ги поврзат фотоните светлина, што значи дека шансата хакери да пробијат ваков сигнал е сведена на нула.

Извор: Seeker, Reuters, CNBC

Претходна статијаАсфалт-литиумски батерии ќе се полнат за само 5 минути
Следна статијаПрви фотографии од Pixel 2 XL покажуваат мала рамка околу дисплејот и целосно редизајниран почетен екран