Mass Effect - серијалот кој ги освои срцата на десетици милиони луѓе ширум светот
Mass Effect - серијалот кој ги освои срцата на десетици милиони луѓе ширум светот
Mass Effect – серијалот кој ги освои срцата на десетици милиони луѓе ширум светот

Многу од нас, децата на технологијата, играле видеоигри додека растеле, па дури продолжуваат да играат и ден денес. Дел од возбудата околу игрите е што во нив може да се сменат улогите и да се биде нешто што во реалниот живот е потешко или невозможно да се оствари, дел поради тоа што навистина многу го стимулираат мозокот и центрите за задоволство.

Кога сме веќе кај ефектите на игрите врз мозокот, според најнови две студии игрите имаат и позитивни и негативни ефекти. Да започнеме со позитивните. Кооперативните игри, каде повеќе играчи заедно настапуваат со заедничка цел за постигнување и (често) различни улоги, го подобруваат продруштвеното однесување. Играчите кои играле кооперативни игри биле подруштвени и понаклонети кон контакт и помагање на друг човек него останатите, па дури и кон развивање пријателски односи со екипите против кои се натпреваруваат.

Истражувањето покажало дека играњето игри со другите го развивало чувството на заедничка цел и помагање на играчите, нешто што потоа се пренесува и во односите на луѓето во реалниот свет. Исто така, овој ефект бил и во случај на играње на насилни игри, а заедничкото играње го неутрализирало влијанието од насилството во самата игра.

Од друга страна, начинот на кој игрите го стимулираат мозокот преку центрите за задоволство фокусирани околу ослободувањето на допамин, предизвикува пореметување на природниот тек на допаминот во одредени ситуации. Па така, било откриено дека кај некои играчи започнале да се ориентираат и навигираат во просторот користејќи го центарот за награда (caudate nucleus) место просторната меморија од хипокампусот. Дополнително, била пронајдена одредена наклонетост кон расипување на индикаторите за развивање на Алцхајмерова болест и други невролошки пореметувања.

Студиите не се крајни секако и останува да се направи еден голем корпус кој ќе ги покаже вистинските ефекти од играњето игри. Засега тие се одличен начин да развиете рефлекси, стратешко и тактично размислување и соработка со други луѓе. Да го спомнеме и потенцијалот да се искористат во воспитни и едукативни цели. Од друга страна, ако се претера доведуваат до расипување на видот, искривување на кичмата, ослабување на кардиваскуларниот систем и други пореметувања. Изборот е ваш.

Извор: Engadget, Texas Tech University

Претходна статијаGoogle патентираше концепт за „паметни играчки“
Следна статијаУште една информација за достапноста на Windows 10 во Јули