Повеќе светски истражувачи веќе подолго време работат на егзоскелетони, односно своевидни протези кои имаат дополнителна енергија, кои би им помогнале на оние кои не можат да одат да проодат или пак да овозможат други телесни акции на оние кои не можат да ги обават.

Француската компанија Wandercraft направи нов егзоскелетон, кој според нив е најнапредниот досега и кој целосно го имитира одењето на човекот. Ова е многу важно за голема стабилност при одењето – благодарение на милијарди години еволуција, ние можеме да одиме само на две нозе и притоа да бидеме многу, многу стабилни додека го правиме тоа.

Новите егзоскелетонски нозе на Wandercraft се целосно балансирани и автономни, односно не бараат корисникот да има дополнителна поддршка со рацете. Всушност, доколку гледате отстрана, вие и не би требало да забележите разлика во одот споредено со човек со функционални нозе.

Конкуренцијата на Wandercraft, Ekso и ReWalk исто така работи на егзоскелетони, но нивните решенија се со „четири нозе“, односно со две мали помошни нозе кои го прават одењето постабилно. Токму оваа разлика, според Матиеу Маселин, им овозможува да бидат чекор пред конкуренцијата кога се во прашање овие системи.

Идејата зад развивање на систем кој целосно го имитира одењето на човекот е едноставна – Wandercraft сака целосно да ја елиминира потребата од носење дополнителни елементи – конкуренцијата има егзоскелетони кои бараат дополнителна сила од рацете за корисниците да можат да одат – тука се е обавено од нозете.

Извор: ZDNet, Engadget, Wandercraft

Претходна статијаДигиталната трансформација станува реалност благодарение на DELL
Следна статијаСекој корисник на услугите на Yahoo бил жртва на хакерскиот напад во 2013