Влијанието на добриот друштвен живот врз здравјето на луѓето е нешто што одамна се истражува. Заклучокот од тие истражувања, кратко кажано, говори дека луѓето коишто имаат повеќе пријатели, учествуваат во повеќе друштвени активности и слично, живеат подолго.

Се разбира, ваквиот заклучок се однесува за зголемени шанси за подолг живот, доколку останатите фактори на долговечноста се исто така позитивни.

Она што ги интересирало група на истражувачи предводени од Вилијам Хобс од University of California, San Diego, е дали има поврзаност и каква помеѓу долговечноста и онлајн друштвените мрежи.

Интересно е што со години слушаме како Facebook и другите мрежи само придонесуваат до оддалечување на луѓето еден од друг, па соодветно се очекува и негативно влијание на здравјето.

Меѓутоа, истражувањето направено на 12 милиони Facebook корисници од Калифорнија, го покажува баш спротивното. Мораме да признаеме дека со оглед на фактот дека друштвениот статус на еден човек има во главно психолошко влијание, па и влијанието на онлајн мрежите, нема зошто да е различен од тој во живо.

Истражувањето покажало дека друштвен успех, едноставно има добро влијание, без разлика во која форма доаѓа. Па така, луѓето коишто се популарни на Facebook, односно добиваат и прифаќаат поголем број на покани за пријателство, имаат шанса подолго да живеат, односно имаат 34% помалку шанса да умрат.

Влијанието во главно се гледало само во ситуациите кога корисниците добивале покани, а не и кога ги праќале, што е логично.

Исто така, позитивно влијание друштвените мрежи имаат и кога корисниците често објавуваат нешто, како и кога комуницираат со други корисници.

Ова покажува дека добриот друштвен живот секогаш има добро влијание на луѓето, без разлика дали се работи за односи во живо или преку интернет.

Истражувањето е направено на 12 милиони Facebook корисници на возраст од 27 до 71 година. Информациите покрај од Facebook, се користеле и од Калифорнискиот сектор за јавно здравје, по што е дојдено до потребните статистички податоци.

Извор: LA Times, The Verge

Претходна статијаGoogle разви алгоритам кој може да ги чисти сликите како во филмовите
Следна статијаВремето поминато пред компјутер може да загрее нечиј дом
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.