Според Асоцијацијата за Алцхајмер, оваа болест е најчеста форма на деменција. Се верува дека болеста ги спречува мозочните ќелии да функционираат нормално. Покрај ова, се формираат таканаречени протеински амилоид бета плакети во просторот помеѓу нервните клетки. Ова резултира во когнитивни и мозочни загуби кои го спречуваат мисловниот процес на пациентот.

Како и да е, научниците при универзитетот во Вашингтон веруваат дека успеаа да развијат антитела кои можат да предизвикаат чистење на ваквиот тип плакети кај заболениот. Во нивната нова студија која ја објавија во Журналот за Клиничко Истражување, тие експериментираа со мал Алцхајмеров протеин, по име АПОЕ.

Тие открија дека антителата кои ги развиваат не само што го чистат мозокот од плакетите, туку и дека го таргетира токму овој АПОЕ протеин.

Многу луѓе произведуваа во себе амилоид низ годините и мозокот едноставно не може да се ослободи од тоа – изјави сениор истражувачот д-р David Holtzman.

Со отстранување на овие плакети и секако, доколку се започне навремено, можно е да се постигне да се спречат тие промени кои се случуваат во мозокот. Тоа е многу важен момент, бидејќи токму тие промени доведуваат до заборавање, конфузија и когнитивни оштетувања кај пациентот.

Д-р Holtzman објаснува дека антителата кои успешно го таргетираат тој АПОЕ протеин во исто време имаат и помали шанси да предизвикаат деструктивен одговор од имуниот систем.

Сепак и покрај овој огромен напредок, треба да бидеме внимателни со резултатите, односно со тоа што значат тие. За почеток, станува збор за експериментирање со глувчиња, а не луѓе. Вториот момент е тоа што испитувањето е водено во насока како ќе се  таргетира АПОЕ протеинот, но не и самиот медикамент кој се користи во процесот на истражување.

Да не заборавиме дека новите апчиња и лекови побаруваат години практична работа и експериментирање, пред да дадат финален фидбек за тоа како функционираат тие. Според PhRMA, главната трговска асоцијација за фармацевтски компании, се проценува дека развојот на даден лек трае најмалку една деценија. Дополнително, истражувањата и развојот што влегува во нов лек чинат околу 2,6 милијарди долари во просек.

Како и да е, сега сме чекор поблиску кон целосно решавање на овој тип болест. Бидете со Смартпортал, тој е единествениот начин за да бидете во тек со сите случувања во науката и технологијата.

ИЗВОР 2Daly Mail
Претходна статијаPlayboy ги избриша своите страни од Facebook
Следна статијаWindows 10 Spring Creators Update најверојатно ќе стане достапен од 10 април