Лажни вести

Лажните вести добија многу на популарност за време на кампањата на Трамп. Поточно, мислам на периодот кога се случуваа претседателските избори во Америка. Тие имаат огромно влијание врз широките народни маси и носењето на важни политички одлуки. Сепак, справувањето со истите е доста тешко. Токму затоа различните социјални платформи како Фејсбук и Твитер вложуваат огромни напори во борбата со нив и нивното распространување.

Интересно е да се спомене дека не постојат анализи за тоа колку ботовите играат улога при распространувањето на лажните вести. Токму ова инспирирало три научници на МИТ универзитетот да работат на оваа тема. Тие објавиле студија според која лажните вести се шират побрзо, подлабоко, пораспространето во однос на вистинските информации. Се поставува прашањето – кој е вистинскиот виновник во целата ситуација? Тројцата научници ги посочуваат луѓето, а не ботовите.

Имено, студијата обработува преку 126.000 стории, кои се појавиле во периодот од 2007 до 2017 година, односно од основањето на компанијата, па до денес. Овие стории биле твитани преку 4.5 милион пати. Тимот откри дека точна вест успева да биде видена од максимум 1000 луѓе. Од друга страна, лажна вест има досег помеѓу 1000 и 100.000 гледања.

Ова значи дека лажните вести се шират побрзо, наспроти точните на кои им е потребно дури 6 пати повеќе време да достигнат до 1.500 луѓе. Покрај ова, тие се ретвитани повеќе пати во споредба со вистинските. Научниците одредиле дека станува точно збор за 70 проценти поголема веројатност дека Твитер корисник би ретвитнал лажна, отколку реална вест.

Како и да е, останува уште многу да се работи на темата. Потребни се дополнителни истражувања кои ќе се фокусираат на оваа тема. Научниците предлагаат дека “свежината” на информацијата е можен критериум кој би имал важна улога. Во секој случај, студијата е навистина интересна.

“Разбирањето како се шират лажните вести е првиот чекор во борбата со нив” – велат авторите на научниот труд. “Се надеваме дека нашата работа ќе инспирира поголеми истражувања во областа на причинско – последичните случувања со цел да се најде потенцијално решение за овој проблем”

Претходна статијаGoogle забрани рекламирање на крипто-валути
Следна статијаПроектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија