567055481f00002c00e9bcf7

Сигурно сте пробале да се „откачите“ од користењето на Facebook, макар и на еден ден. Веројатно тешко ви одело. Дали сакате да знаете зошто е толку тешко да се направи ова?

Според едно ново истражување кое се занимавало токму со ова прашање, резултатите се интересни и генерално предвидливи. Имено, научниците испитувале корисници кои дале завет т.е. го прифатиле предизвикот на некористење на Facebook за 99 дена. На секои 33 дена им бил испраќан прашалник кој требале да го одговорат со најразлични прашања околу себеси и нивниот однос со Facebook.

Според резултатите, секој кој потпаѓа на долните групи на луѓе му е потешко да не ја користи оваа „социјална“ мрежа:

  • тие кои веруваат дека Facebook создава зависност. оние кои се убедени дека Facebook создава зависност потешко издржуваат со избегнувањето на користење и почесто се враќаат назад, дури и пред да поминат 99-те дена;
  • тие кои сметаат дека нивните активности на Facebook се набљудувани. Оние кои сакале да влијаат на туѓото мислење за нив бидејќи сметаат дека нивните активности на профилот се следени, поверојатно било дека ќе се откажат од предизвикот;
  • тие кои не се осеќаат доволно добро. Луѓето со помала самодоверба и кои сметаат дека помалку вредат потешко им било да се откажат од Facebook (не дека ова требаше некој да ни го каже);
  • тие на кои Facebook им е единствена „социјална“ мрежа. Оние корисници кои имале повеќе социјални мрежи помалку време поминувале на Facebook и полесно го поднесувале предизвикот.

Ете, сега знаете кои категории на луѓе потешко се откажуваат од користењето на овој огромен потрошувач на време и уништувач на креативноста и успехот во приватниот живот. Секако, способноста на Facebook да има моќ како силен опијат кој не ве пушта на мира е стекната со вложување на милиони долари во научни испитувања од нивна страна за да го создадат да биде толку привлечен.

Тоа го прави користејќи ги биолошките фалинки на луѓето, како на пример, патолошката потреба од внимание и согласување на околината (затоа нема dislike копче), зависноста од информации (затоа лентата со вести никогаш не престанува), потребата да се чувствуваат битни, потребата да ги следат животите на другите и да трачарат, и така натаму.

Останува да си ја пробате среќата со предизвикот од 99 дена слобода!

Извор: Huffington Post