earth-melted

Дебатата околу тоа од што се предизвикани климатските промени на планетата трае веќе одамна, а научниците и политичарите изгледа не можат да се сложат на еден дефинитивен став. Можеби и покрај тоа што на одредени луѓе тоа им изгледа очигледно, сепак не сме во можност 100% да бидеме сигурни што точно се случува со планетата.

Дали промените кои што се случуваат се имаат случувано и прано или едноставно влијанието на луѓето и нашата огромна бројка, како и индустрија, е главниот причинител на промените? Без разлика на причинителот, заклучоците се дека сепак просечната температура на планетата е во пораст, а тоа предизвикува покрај другото, топење на замрзнатите површини.

Овој процес предизвикува покачување на нивото на морињата и океаните, а се претпоставува дека тие ќе се покачат уште за 1 метар до крајот на векот.

Делот наменет за научни вести од Business Insider направи видео во кое што се прикажуваат промените на Земјата кои што би се случиле доколку целиот мраз кој што го има се стопи. Подигањето на нивото на морињата и океаните ќе предизвика снемување на цели градови и промена на континентите.

Видеото можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаGoogle со промени во алгоритамот за пребарувањата преку мобилен
Следна статијаШто се можете да испечатите со 3Д принтер?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.