За разлика од „традиционалното“ гледање на серии кои се прикажуваат на телевизиите, кои излегуваат еднаш неделно, па потоа прават пауза, гледањето на Netflix и другите недостапни во Македонија стриминг сервиси, го започнаа трендот популарно и на англиски наречен „binge watching“. Во недостаток на превод кој би звучел добро на македонски, binge watching се однесува на непрекинатото гледање на една серија, нејзините епизоди една по друга, повеќе часови во текот на денот.

Ова како што би очекувале создава ситуација која порано не била достапна, па многу корисници на Netflix го прават ова и едноставно не можат да престанат.

За првпат официјално во светот се јави и првиот „пациент“ кој не може да престане да гледа серии на Netflix, па за таа цел се има јавено во болница за да се „излечи“. Тој гледал серии на овој сервис по повеќе од 7 часа во текот на денот, а поради тоа имал веќе проблеми со очите, спиењето, како и генерално енергијата.

Она што е заедничко со гледањето на Netflix и телевизија, е ефектот којшто го има оваа активност во „бегање“ од реалноста и проблемите. Луѓето се внесуваат во серијата што ја гледаат и во тој момент успеваат да не мислат на своите проблеми и да се опуштат. Се разбира ова не е решение, па на долгорочен план само го зголемува проблемот, а можноста денес за гледање повеќе часови, само дополнително додава проблем.

Од Service for Healthy Use of Technology (SHUT) клиниката при National Institute of Mental Health and Neurosciences (NIMHANS) во Бангалор, Индија, истакнуваат дека причината за големото гледање на серии од страна на пациентот е токму справувањето, односно поточно кажано бегањето од проблемите.

„Секогаш кога неговата фамилија има вршено притисок на него да почне да заработува или кога ќе забележал дека на неговите пријатели им оди добро, тој почнувал со непрекинато гледање на серии. Тоа е метод на бегање од реалноста. Тој заборавал на неговите проблеми и во исто време има вадено големо задоволство од активноста“ – истакна Др. Шарма од институтот.

Пациентот од зависноста се лечи со помош на терапија со психолог, како и со одредени лекови, па ќе видиме каков успех ќе има овој пристап. Не е воопшто чудно во иднина да гледаме се почесто вакви вести, со оглед на можноста која ја нудат Netflix и сличните.

ИЗВОРThe Hindu
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаКако да ослободите простор на вашиот компјутер по инсталација на Windows 10 надградба
Следна статијаQLED vs OLED – кои се разликите помеѓу овие технологии и која е подобра за вашите потреби?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.