свест

Науката и технологијата напреднаа во невидени размери, особено во последниве неколку години. Сепак, и покрај сите истражувања, ние знаеме релативно малку за тоа како функционира човечкиот мозок. Уште помалку знаеме како функционира човечката свест. Генерално, научниците имаат големи несогласувања по прашањето дали таа постои надвор од нашата колективна имагинација. Некои пак, сметаат дека станува збор за илузија. Трети, пак, сметаат дека допрва ќе откриваме од каде доаѓа таа воопшто.

Во последниов период, неколку науници се повикаа на квантната физика за да го објаснат постоењето на свеста. Ако бидеме искрени, јас на таа идеја навистина гледам со скептицизам: квантниот свет е исто така голема област која се’ уште се истражува и не е баш најдобра идеја да објаснувате една мистерија со помош на друга. Да ве упатам малку повеќе, се предвидува дека квантните компјутери ќе бидат повеќе способни да ги остварат работите што не можат да ги прават обичните компјутери, што не потсетува на тоа како нашите мозоци можат да ги постигнат работите што се’ уште се надвор од вештачката интелигенција.

Факт е дека човечкиот мозок може да постигне многу, иако имаме и свои слабости. Ние, како луѓе, поседуваме супериорни интелигенција, заради нашите способности за обработка на податоците на повисоко ниво. Докажано е дека човечкиот мозок е склон да гледа шеми онаму каде што не постојат, бар во почетокот, што се должи на нашето претходно стекнато знаење и искуства. Ние имаме тенденција да ги асоцираме и поврзуваме работите, со што полесно ги енкодираме во нашата меморија и полесно ги препознаваме тие шеми во иднина.

Засега, како поинтересен момент е тоа што г-дин Роџер Пенроуз, доктор на науки и математички физичар, основа свој институт со истото име чија главна задача ќе биде да ја проучува човечката свест низ призмата на физика. Тој ќе се обиде да го диференцира своето истражување од сите останати направени досега, така што нема да употребува вештачка интелигенција.

Звучи интересно, зар не?

Следете не’ на социјалните мрежи и секако, пишете ни што мислите во коментар ✌

Претходна статијаНов Nokia X ќе биде претставен на 27 април
Следна статијаСите на стартната линија – уште 8 дена за пријавување на Виз Ер Скопски маратон