shutterstock_314160812

Дали сме сами во вселената? Ова е прашање кое секој научен ентузијаст си го поставува и не успева да го одговори. Со одговорот на ова прашање се имаат зафатено големи умови, а неговото одговарање (како и за историјата на Универзумот) се имаат зафатено и философите од античките времиња.

Сепак, одговор на познатото „Кај се сите?“ прашање на Енрико Ферми сè уште немаме. Имаме само нагаѓања, пресметки на шанси и претпоставки. Околу нив се ангажираа и научниците Адам Френк и Вудраф Саливен, од Универзитетот од Рочестер, кои користејќи и изменувајќи ја познатата Дрејкова равенка дојдоа до сознание дека животот до нашето денешно ниво на цивилизациски напредок најверојатно веќе постоел некаде во вселената и веројатно исчезнал или е толку далеку што никогаш нема да можеме да искомуницираме.

Тие ги пресметуваат шансите врз тоа кои биле/се шансите луѓето да се уникатни со ваква цивилизација, и испаѓа дека тие се прилично конзервативни: помалку од еден во 10 милијарди трилијарди. Според нив тоа значи дека животот до нашето ниво на развиток настанал барем 10 милијарди пати во целата космичка историја (според пресметаниот број на ѕвезди и планети во Универзумот)!

Оригиналната (горе) и изменетата (доле) равенка на Дрејк
Оригиналната (горе) и изменетата (доле) равенка на Дрејк

Десет милијарди цивилизации?! Па, каде се? Тоа сè уште не можеме да си го одговориме, но имајќи ја предвид големината на вселената и времетраењето (14 милијарди години) не е ни чудно да има стотици напредни цивилизации кои се толку далеку што воопшто не можат да испратат комуникација до нас, а милијарди други да настанале некогаш во историјата и во меѓувреме исчезнале.

Тоа би било одлична лекција за човештвото. Имено, ако дозволиме ние да исчезнеме поради неспособноста да се оддржиме во живот и да не се испотепаме со човечки-предизвиканата катастрофа, тоа би било навистина огромна трагедија за животот во Универзумот општо.

Затоа, ако не се согласува тој од другата страна на тастатурата гледајте да не лансирате нуклеарни проектили кон неговиот град. Тоа особено важи за забегантусите наречени Даеш (ИСИС). Има и други, поинтересни работи и философии да се истражуваат и видат на овој свет освен вашата верзија на исламофашизам.

Дополнителни информации: IFLScience, Uni. of RochesterChina Topix, VICE

Оставете коментар