Развиена од страна на тим од научници од Универзитетот Стенфорд, оваа иновативна вакцина „ги напаѓа туморите насекаде по телото, откако само една инјекција ќе се вбризга во конкретен тумор“. Истражувачите тврдат дека со тоа вакцината поттикнува одбранбена реакција во телото, со што напаѓа други тумори, доколку се прошириле.

При тестирањето на глувци, научниците успеале да ги елиминираат и најагресивните форми на рак. Сега, тие бараат пациенти со лимфома за да им дадат шанса со нивната вакцина. Тие тврдат дека вакцината е евтина за производство и не е веројатно дека ќе има несакани дејствија, како стандардните третмани против рак.

Според еден од авторите, Др. Роберт Леви, професор по онкологија чија што лабораторија има развиено друг конвенционален третман на хемотерапија, оваа вакцина има потенцијал да влијае на различни типови рак, што ја прави уникатен вид имунотерапија. Имунотерапијата функционира на различни начини. Некои го стимулираат целиот имун систем, додека други таргетираат конкретни области во телото за да го спречат појавувањето и ширењето на рак.

При тестирањето на 90 глувци, 87 биле излечени од рак после првата инјекција, а останатите три биле излекувани после втората инјекција.

Првото клиничко испитување врз луѓе ќе вклучува 15 пациенти кои се зафатени од лимфома. Истражувачите се надеваат дека резултатите ќе бидат подеднакво охрабрувачки како со животинските модели.

ИЗВОР 2Unilad
Претходна статијаДали вештачката интелигенција навистина ќе не пороби?
Следна статијаFacebook тестира downvote копче за означување на коментарите