nose_2955882b

Иако често на Смартпортал пишуваме за позитивните аспекти на напредокот на технологијата и медицината, сепак не изостануваме да предупредиме на негативните појави и аспекти од истите. Секоја технологија си има свои позитивни и негативни страни и ние како човештво треба да ги развиваме оние аспекти кои од етички, хуманистички и морален аспект се оправдани, а бидеме внимателни со другите (а во исто време да го развиваме и хуманизмот, етиката и моралот за да го следи новиот технолошки развиток). Но понекогаш се случуваат некои појави кои не можеме да ги доделиме во било која од овие групи, „добри“ и „лоши“.

Па така, една девојка била сведок на непријатна појава на нејзиниот `рбет. На 18 години таа имала повреда на `рбетниот столб што резултирало во повреда на нервите и парализација на нозете. Научниците се решиле да применат експериментален метод за трансплантација на матични клетки од носот со што се надевале дека ќе се развијат во нерви кои ќе и` овозможат да врати (дел од) контролата врз нозете.

Но по неколку години таа место моторика развила болка во тој дел од грбот. Кога ја подвргнале на тестови и скенирања докторите утврдиле дека трансплантираните матични клетки почнале да развиваат структура како нос на местото каде биле вградени. Практично, тие развиле назално ткиво долго 3 цм по `рбетот и имало големо количество на слуз, налик на вистински нос.

„Носот“ и` бил изваден со операција, а трансплантацијата била прогласена за неуспешна. Интересното е што кај многу други пациенти кај кои бил пробан овој метод истиот бил колку-толку успешен и кај некои од нив движењето се подобрило. Во некој случај матичните клетки можат да почнат да го развиваат ткивото кое започнале да го градат кога биле извадени од некој конкретен дел од телото, на што мора да се внимава во иднина при терапија со ваквите клетки.

Ова би требало да ве предупреди за можните негативни ефекти на брзиот технолошки и медицински развиток, а воедно да ви укаже на тоа колку ние како човештво се` уште сме незрели и колку малку знаеме за начинот на кој сме изградени. Тоа секако треба да не` поттикне да вложиме уште поголеми напори во развивање на технологијата и медицината која еден ден ќе ни овозможи бесмртност или барем справување со секакви болести.

Извор: IFScience, PopSci

Претходна статијаТужба против Apple поради користење на просторот од 16GB за оперативниот систем
Следна статијаMontblanc ќе продава паметно ременче за нивните луксузни традиционални часовници