Toyota ќе работи на развој на „rover“ за мисија на Месечината за јапонската вселенска агенција

Роверот ќе работи на горивни ќелии и ќе може да помине до 10.000 километри носејќи двајца астронаути

Јапонската вселенска агенција JAXA – Japan Aerospace Exploration Agency, излезе со соопштение дека имаат склучено договор со Toyota за можност да соработуваат во развојот на возило кое би се користело на мисија на Месечината.

Возилото треба да има кабина под притисок, односно астронаутите кои ќе се возат ќе можат да ги извадат своите вселенски скафандери и условно да „живеат“ во возилото кое ќе има простор од 13 метри квадратни.

Возилото кое ќе биде напојувано од горивни ќелии и ќе се дополнува од сончевата енергија, ќе може да пренесува до двајца астронаути, како и уште двајца дополнително во итен случај.

Возилото исто така ќе може самото да вози, а во денешно време мислам дека би било и чудно да се развие возило без оваа можност.

Сепак, возилото е се’ уште во фаза на развој и концепт, а неговото официјално пуштање, доколку се договори соработката, се очекува за некои 10 години.

Повеќе информации за возилото уште нема, а истото можете да го видите на видеото на почетокот од оваа статија.

ИЗВОРJAXA
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаFacebook и сервисите во сопственост на компанијата имаа проблеми со достапноста во текот на вчерашниот ден
Следна статијаMotorola One рецензија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.