Највозбдуливата теза за Ферми парадоксот?

Во неколку наврати претходно на Смартпортал сме се занимавале со „големото прашање“: зарем сме сами во Универзумот? Но пред да се префрлиме на темата малку основи.

Не дека ми е темата силна страна (не ми е), но за да можеме да се „нурнеме“ во темата мора да се потсетиме на некои основни работи. Кога ќе погледнеме во небото, гледаме околу 2,500 звезди кои се најблиску до Земјата (на нешто помалку од 1,000 светлосни години од нас). Проценките се дека во нашата галаксија (систем на звезди и планети) има од 100 до 400 милијарди звезди. Интересното е што најверојатно има уште толку цели галаксии.

Математиката и проценките на страна, дури и да се земат конзервативните тези, во Универзумот може да има околу 100 милијарди планети со слични карактеристики како Земјата. 100 милијарди! И ништо. Ниту еден доказ од вонземска цивилизација сиве овие години.

Ова е на кратко познатиот Ферми парадокс (насловен по италијанскиот физичар Енрико Ферми) – толку многу галаксии, вклучително и милијарда години постари планети, т.е. огромна веројатност за други вонземски цивилизации и толку време ништо. Никаков знак, никаков сигнал.

Во текст во нивни стил (презабавен, сумирано буквално се што треба да знаете на наједноставен начин – но не поедноставно од што треба), на WaitButWhy ги објаснуваат сите тези на овој парадокс. Воглавно се делат на две групи – оние кои шпекулираат дека не сме сретнале „марсовци“ бидејќи сме сами и оние кои шпекулираат дека има други понапредни цивилизации но поради х причини не сме имале encounter.

Оваа ми е омилена теорија. Не се споменува во горниот текст од WaitButWhy. Станува збор за т.н. trancension хипотеза на футуристот Џон Смарт. Смарт теоритизира дека „еволутивниот развој на Универзумот ги води сите доволно напредни цивилизации кон внатрешниот простор/свет, кон домеин составен од ултра мал простор, време, енергија и материја и, во последна фаза, кон дестинација налик црна дупка, која не може да се набљудува од надвор“. Наместо колонизирање нови планети – застарен, ризичен и скап потфат – напредните цивилизации креираат нови (виртуелни?) светови. Уште поинтересно е што тезата прв ја обработува познатиот СФ автор, Артур Кларк во неговото дело The City and the Stars од 1956 година. Едноставно, откако ќе сватиме дека џабе се шетаме низ Универзумот, и кога технологијата ќе го достигне нивото, комбинацијата на супер моќни компјутери и виртуелна технологија ќе не води кон „инер универзуми“, цивилизации по сопствен дизајн, во кои ќе постоиме вечно.

Патем, напредните цивилизации веќе се во овој филм. Затоа и не ги гледаме.

Колку лудо, нели?!

Претходна статијаПет содржини за крипто почетници
Следна статијаНајнов патент од Motorola го покажува новиот RAZR со екран на превиткување
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.