Чекањето на одредени вести, како што е на пример чекањето на резултатите од правосуден, како што бил примерокот во направената студија, знае да биде прилично стресно искуство кое создава анксиозност. Оваа состојба најчесто се јавува кога постои несигурност за нешто, па ние како луѓе не успеваме да останеме смирени поради неизвесноста за иднината.

Јасно е дека причината за ваквата реакција во овие ситуации е мозокот кој не престанува да ги прави своите „филмови“ додека чека да ги добие вестите. Успешното негово стишување, односно наоѓањето на занимација која доволно ќе му го привлече вниманието успешно може да ја намали анксиозноста, а со тоа и да го подобри генералното расположение.

Една студија се има занимавано токму со откривањето на најдобрите начини како да се одвлече вниманието на мозокот во вакви ситуации, односно која активност тоа најдобро го прави.

Заклучоците покажале дека активностите во кои луѓето успеваат целосно да се внесат и да го задржат вниманието, односно како што некогаш се нарекува, „влегување во зона“, е нешто што покажува најдобри резултати.

За да се дојде до вакво одвлекување на вниманието, активност треба да е доволно интересна и да предизвикува интерес за да не дојде до досадување, но во исто време не треба да е повеќе од одредена граница сложена за да не дојде до фрустрација и откажување.

Истражувањето е направено со играта Тетрис која се има покажано како одлична за оваа цел. Повеќето начини на играње покажале дека најдобрите резултати во одвлекувањето на вниманието се прават кога играта се става да постепено се зголемува тежината на играње, како што играчот го подобрува своето знаење и способност за играње на играта.

Се разбира, Тетрис не е единствената игра која може да го има овој ефект, меѓутоа истражувачите ја нашле како перфектна за тоа што е потребно.

Па, нареден пат кога нема да можете да го „смирите“ вашиот мозок да работи со полна пареа, симнете ја Тетрис која е достапна за мобилните и почнете да ја игратe. Само внимавајте, немојте да ја играте на премногу лесно и тешко ниво за да не се откажете за кратко време.