Помагало кое како да излегло од епизода на Star Trek. eSight, апарат за на глава кој се напојува со батерии и работи на технологија на течни леќи, личи на нешто со што Geordi La Forge би се гордеел да го носи! Дечките од CNET детално го обработуваат eSight во “Tech Enabled”, серијал за улогата на технологијата во помагање на луѓето со попречености.

Заедно со eSight, во центарот на прилогот се наоѓа Yvonne Felix, млада жена од Сан Франциско, која пати од Stargardt disease, форма на макуларна дегенерација која блокира 98% од нејзиното видно поле. Таа е задоволен корисник на трета генерација од апаратот.

Ова иновативно помагало користи камера, која работи со дисплеи во висока резолуција и оптички призми внатре во самиот апарат за да им овозможи на субјектите со оштетен вид повторно да гледаат. Сликата му се презентира на субјектот на начин кој може да ја надмине причината поради која го изгубиле видот, велат од CNET. Технологијата на течни леќи ѝ помага на камерата да се фокусира неверојатно брзо, за помалку од 1 милисекунда, слично како и човековото око. Во комбинација со функцијата која ја нарекуваат “bioptic tilt”, корисниците на апаратот можат да го користат и периферното видно поле, што е исклучително важно во секојдневни задачи како возење или обично пешачење.

eSight е поврзан со рачен контролер, за го олесни прилагодувањето на сликата. Носачот може да го зајакне контрастот, со што се истакнуваат работите на објектите во околината, или да зумира за да прочита текст на далечина. Дури има и вградено светло, корисно во ситуации кога нема доволно светлина.

Благодарение на eSight, Yvonne конечно може да си го види сопругот од 8 години, кој не го видела ниту еднаш, и нејзиниот 2-месечен син. „Го видов сопругот како го држи нашиот син и тоа беше прекрасна слика, која сега ми е врежана засекогаш во мозокот“ вели младата мајка.

Пациенти со макуларна дегенерација или слепило предизвикано од дијабет се поадекватни кандидати за eSight, за разлика од оние кои страдаат од глауком, кога штетата на ретината е преголема за да се реши со eSight. Според извршниот директор на eSight, Dr. Brian Mech, нивното помагало има повеќе од 50% шанси да успее во било кои услови. Притоа додава „најдобро од сé е што не е хируршки зафат и не е лек. Едноставно треба да се проба.“

Претходна статијаОткриени 7 планети со големина приближна на Земјата
Следна статијаMicrosoft спрема нова надградба за Windows 10, која ќе пристигне подоцна годинава