losP0pw

Интензивната употреба на антибиотици во последните декади за лечење болести и нивното препишување за секакви работи дури и кога нема потреба, во комбинација со интензивната и претерана употреба на антибиотици на фармите и намаленото внимание на фармацевската индустрија кон наоѓање на нови типови на антибиотици или сосема друг тип на лекови, предизвика одредени бактерии да станат до толку резистивни на лечењата што се закануваат да предизвикуваат епидемии во блиска иднина. Тие се нарекуваат супербактерии.

Според најновото истражување побарано од британскиот премиер Дејвид Камерон, иднината на овој домен од живеењето не ни е розева. Според истото, до 2050 година конзервативното предвидување е дека дури 10 милиони луѓе ќе умираат годишно (!) од таканаречените супербактерии. Покрај смртта на десет милиони луѓе, борбата со последиците ќе го чини светот 100 трилиони долари годишно. Во исто време, ваквата состоја ќе го намали економскиот обрт во светот за цели 2 до 3%.

Практично, ако се оствари ваквиот развој на настаните светот ќе навлезе во негативен здравствен и економски тренд што се заканува да ги поништи сите напредоци кои ги имаме во зголемувањето на квалитетот на животот и долговечноста. Нормално, може да се претпостави дека од ваквата состојба ќе бидат најмногу засегнати неразвиените земји како и земјите во развој, што ќе претставува силен удар врз нивните економии и можноста да се развијат за да ги доведат животните стандарди до посакуваното ниво.

Можните решенија против заканувачката епидемија се зголемувањето на дисциплината околу употребувањето на антибиотиците, терапија со т.н. бактериофаги (вируси кои убиваат или оштетуваат бактерии), пробиотички третман (надополнување на добрите бактерии во организмот, особено во гастроинтенстиналниот тракт) како и трансплантација на материја од измет од здрави луѓе на болни. Досега, бактериофагичниот третман покажува најдобри шанси за успех, бидејќи по тестирањето во поранешниот СССР и Полска покажуваат ефикасност од дури 80-95%.

Но потребно е сите да бидеме свесни за тоа што не` очекува во иднината и каква опасност се крие во прекумерената и недисциплинирана употреба на антибиотици, како и во одржувањето на соодветни доволно чисти средини (без развивање опсесија околу чистотата бидејќи ваквата опсесија всушност „помага“ кон развивањето на резистентност кај бактериите).

Извор: IFScience, Medical Research Council

Претходна статијаНајнова студија потврдува тоа што го знаевме – уредите со активен екран негативно влијаат на сонот
Следна статијаCLAXI – Нова мобилна супер-едноставна такси-апликација за прв пат во Македонија