Користењето на друштвените мрежи во денешно време е толку често и масовно, што може слободно да се каже дека влегува во категоријата на зависни „активности“. Facebook има повеќе од 2 милијарди активни корисници, а не е далеку и во последно време повеќе популарниот Instagram.

Повеќе студии досега имаат покажано дека користењето на друштвените мрежи сепак има негативни ефекти на корисниците, а тие најчесто се чувство на завист, на завидливост, односно во овој случај ќе ги спомнеме овие две поради студијата која ја пренесуваме.

Студијата е направена за почеток со анкетирање на корисниците за да се види дали се активни корисници на Facebook, односно дали редовно објавуваат содржина или пасивни, корисници кои во главно ја разгледуваат објавената содржина на мрежата. Исто така, во прашалникот се поставени и прашања за да се добие претстава за ефектот којшто го има мрежата на корисниците, односно дали тие чувствуваат завидливост и слични емоции.

Во периодот од една недела, корисниците биле поделени во две групи. Едната група целосно има престанато да ја користи друштвената мрежа, а другата група продолжила да ја користи како и дотогаш.

Резултатите покажале дека групата која престанала да го користи Facebook, покажала подобрување на благосостојбата, односно подобрување на емоциите, како и намалување на негативните.

Она што исто така се истакнува во студијата е дека најголема промена кон позитивно имале корисниците кои најмногу ја имаат користено мрежата, додека тие кои и така помалку ја користеле имале помалку подобрување во состојбата.

Ова е нешто што сигурно повеќе од нас како корисници го знаеме веќе, па ваквите студии користат само да и научно истото го потврдат. Јасно е дека социјализирањето во живо секогаш ќе биде подобро за емотивната состојба на корисниците, а Facebook влијае во директното истакнување и „влошување“ на веќе постојните негативни емоции на луѓето.

Не е ни чудо што Android и iOS веќе воведуваат можност за следење на времето поминато на телефоните, односно на апликациите, па корисниците можат и да го ограничат истото. Facebook и Instagram веќе воведоа ваква статистика на нивните апликации, само се’ уште надградбата не е достпна во нашата земја.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаЗимата доаѓа, но малку подоцна од очекуваното
Следна статијаКако би изгледал Samsung Galaxy S10+ според досегашните неофицијални информации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.