Најголемиот авион во светот е титула која е добиена со причина. Овој авион има намена да ги носи ракетите до стратосферата на Земјата од каде тие ќе ги вклучат своите мотори и ќе се лансираат до орбитата.

За таа цел, Stratolaunch е направен со две авионски тела доволно оддалечени за носењето на товарот помеѓу нив. Силата се добива од 6 мотори кои треба да овозможат носење на товар до 400 тони. Овој авион е 117 метри широк, 73 метри долг и 15 метри висок.

Со оглед на малиот број на места од каде може да биде лансирана ракета, Stratolaunch треба да понуди конкуренција, со оглед на фактот што како авион, може да полета од скоро сите поголеми аеродроми во светот.

На почетокот оваа компанија која е основана од ко-основачот на Microsoft Пол Ален, има соработувано со SpaceX, меѓутоа по успешниот развој на ракети кои можат да слетаат назад, соработката се претвора во конкуренција.

„Колку фантастичен прв лет. Денешниот лет ја унапредува нашата мисија да овозможиме флексибилна алтернатива на системите за лансирање од земјата. Ние сме неверојатно горди на Stratolaunch тимот, денешниот екипаж, нашите партнери и Mojave Air and Space Port.“ – истакна главниот директор на Stratolaunch, Жан Флојд.

Иако првиот лет беше успешен, сепак компанијата има уште работа додека може да се каже дека е спремна да ги нуди своите услуги на пазарот. Ќе поминат неколку години, но сепак, ова ќе биде одлична и поевтина алтернатива која ќе овозможи повеќе летови во орбитата.

ИЗВОРStratolaunch
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаПредлог на неделата (3): Како да проверите за скриени камери во Airbnb сместување?
Следна статијаИдејата и технологијата зад боите на новата Huawei P30 серија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.