Снимка од слетувањето на „темната“ страна од Месечината од страна на кинеското летало Chang’e 4

Гледајте ги последните неколку минути од првото во историјата слетување на "темната" страна на Месечината

На почетокот од месецот Кина успеа да го слета своето летало Chang’e 4 и со тоа да стане прва во светот која има слетано летало на “темната” страна од Месечината. Ова летало со него носи ровер којшто ќе треба да врши истражувања на површината на овој досега неистражен дел од Месечината, а во тоа учествуваат повеќе земји.

Инаку, чисто за потсетување. Терминот темна страна од Месечината не е баш точен. Така се нарекува поради тоа што таа страна од Месечината никогаш не е свртена кон Земјата, па ние никогаш од тука не можеме да ја видиме. На англиски можеби има подобар термин за тоа, па оваа страна од месечината се нарекува, одалечената, односно “far side of the Moon”, а истата секако е осветлена од Сонцето во одредени периоди.

Видеото е објавено од страна на кинеската вселенска агенција и ги прикажува последните неколку минути од слетувањето. Слетувањето е направено целосно автономно од страна на леталото.

Се прашувам дали заговорниците на теоријата на завера, дека човекот никогаш не бил на Месечината, сметаат дека и ова видео е направено тука на Земјата.