EPFL

Истражувачи од „Swiss Federal Institute of Lausanne“ или кратко EPFL претставија систем на којшто тие работат, а кој треба да ја намали емисијата на јаглероден диоксид кај транспортните возила за дури 90%.

Овој систем, кој е објавен во Frontiers Energy Research, функционира на начин што го „фаќа“ и издвојува јаглеродниот диоксид од издувниот систем на возилото и го складира во посебни резервоари кои е замислено да бидат поставени на кровот од камионите.

Системот за замислува да биде специјално користен од страна на камионите, поради неговата големина и тежина, но и поради тоа што кај патничките автомобили се повеќе популарност добиваат хибридните и целосно електричните возила.

Од EPFL исто така истакнуваат дека во Европа скоро 30% од вкупните емисии на CO2 доаѓаат од транспортните возила.

Системот е уште во развој, за него е поднесен и патент, па надежите се дека тој ќе биде прифатен и ќе почне да се користи практично. Намалувањето на емисија на овој „гас со ефект на стаклена градина“ не би било мало и сигурно би имало голем ефект на околината.

EPFL

Јаглеродниот диоксид кој би се собирал од „ауспухот“ на камионите би се чувал во посебни резервоари на кровот од камионот, во течна форма, по што тие би се носеле и празнеле во специјално за тоа наменети станици. Овој гас потоа би можел да повторно се искористи за креирање на гориво.

Според EPFL, намалувањето на емисија на јаглероден диоксид со овој систем би се намалила за дури 90%, што дефинитивно е процент којшто ќе привлече внимание.

Повеќе детали за тоа на кој начин функционира системот, можете да прочитате на страната на EPFL.

ИЗВОРEPFL
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаBoeing го смени директорот на компанијата по неуспехот да се врати сертификацијата на 737 MAX
Следна статијаРСБСП со апел до возачите: Празниците се време за радости и веселби
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.