На почетокот од оваа недела SpaceX изврши успешно лансирање на својата Falcon 9 ракета која со себе ги носеше првите 60 сателити од Starlink проектот на компанијата. Овој проект е замислено да има повеќе илјади сателити на висина од 550 метри до 1,4 километри во орбитата на Земјата кои ќе овозможат интернет на секој дел од планетата.

Покрај желбата да се овозможи интернет на места каде што моментално нема, SpaceX планира на овој начин да ги финансира своите идни мисии, од кои најпозната и амбициозна е мисијата на Марс.

Поставувањето на сателитите беше направено автоматски, а истите наредени еден зад друг излегуваат од ракетата накај своите позиции.

Снимки од астрономи кои го гледале поставувањето на сателитите покажуваат дека тие прилично силно светеле на небото, а кога ќе се земе во предвид дека се работи за само 60 сателити од повеќе илјади, се појавува загриженост.

Загриженоста на одредена група на астрономи, од аматери, до универзитетски, е дека небото веќе нема да изгледа како што изгледало досега, како и тоа дека набљудувањето на вселената преку телескопите исто така ќе биде засегната.

Во орбитата веќе има повеќе илјади сателити, па работата на телескопите веќе се прилагодува на таа состојба, што значи дека и за оваа ситуација има решение, но се истакнува дека тоа станува потешко.

Тука секако е и грижата за вселенското ѓубре, посебно кога ќе се земе во предвид дека SpaceX не се единствените кои планираат голем број на сателити со цел овозможување на интернет пристап.

Се истакнува и дека сателитите повеќе светеле, односно ја одбивале сончевата светлина, пред да бидат наместени и насочени кон сонцето. По нивното местење, одбивањето на светлината било значително намалено, меѓутоа некои истакнуваат дека тие повторно доволно се гледаат.

Елон Маск исто така имаше што да каже на овие реакција, секако преку Twitter.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЛаптоп полн со вируси продаден за скоро 1,4 милиони долари
Следна статијаSamsung Galaxy Note 10 ќе нема приклучок за слушалки, ниту физички копчиња
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.