Ова е ново и за мене, па мислам дека е интересно да се пренесе. Според истражувањата, за време на нуклеарните тестирања во 50-тите години од минатиот век, мали траги од cesium-137, кој е радиоактивен нус-производ од процесот на фисија на uranium-235 (да не навлегуваме повеќе), можел да се најде во храната. Ова се разбира е на местата каде што влијанието од нуклеарните тестирања било доволно големо.

Истото важи и за по 86 година кога се случи несреќата во Чернобил. Траги од цезиум можеле да се најдат храната во многу европски земји, но и пошироко.

Трагите од цезиумот, според информациите, имале и намена во бизнисот со вино. Откривањето на нивните траги, што може да се направи без да се отвори шишето, овозможувало да се потврди или побие тврдењето за времето не потекло на виното.

Вакво истражување е направено и на вина од Калифорнија, иако трагите од цезиум биле доволно мали за да било потребно отворање на шишето и дехидрирање на течноста. Сепак, истражувањето покажало дека виното направено по 2011, кога се случи несреќата во Фукушима поради голема земјотрес по кој следеше и цунами, има маи траги на цезиум.

Ова покажува дека ефектите на околината од нуклеарните централи и оружја не се баш мали. Тие лесно се прошируваат доколку дојде до несреќа, па може да се најдат и многу подалеку од што некој би помислил.

Доколку ве интересира оваа тема и сакате да прочитате што имаат да кажат стручните лица, можете да го прочитате истражувањето на овој линк.

ИЗВОРMIT Technology Review
Претходна статијаТрет обид на Microsoft за „полесна“ и поевтина верзија од Windows
Следна статијаYandex го претстави својот прв смартфон – Yandex.Phone е уред од средната класа со акцент на сервисите од компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.