Скенирачкиот тунелирачки микроскоп при Универзитетот Принстон
Скенирачкиот тунелирачки микроскоп при Универзитетот Принстон
Скенирачкиот тунелирачки микроскоп при Универзитетот Принстон

Научниците од Универзитетот Принстон и Тексашкиот Универзитет во Остин, САД, изјавија дека детектирале траги од безенергиски состојби кои укажуваат на постоење на тип на податомска честичка која досега беше само теоретизирана: Мајорана фермион.

Инаку оваа честичка има карактеристики на сопствена материја и антиматерија во исто време, што оневозможува да се самоуништи. Во регуларните интеракции меѓу материјата и антиматеријата, тие се меѓууништуваат при што резултатот е енергија. Во случајот со Мајорана фермионот, таа е стабилна во оваа интеракција што ја прави потенцијална честичка за употреба во идните квантни компјутери. Имено, квантните компјутери имаат проблем со стабилноста на податомските честички бидејќи доволно е една антиматериска честичка да дојде во допир со материска која се употребува за вршење на калкулациите, за втората да биде уништена и системот да се распадне. Се претпоставува дека истото не би требало да се случува со новооткриениот фермион.

Мајорана фермионот е забележана користејќи скенинг тунелирачки микроскоп кој е висок два спрата. Предметот на скенирање бил „лист“, дебел еден железен атом сместен на парче чисто олово, кој поради ваквата структура постанува тополошки суперспроведувач. Во основата на оваа технологија се крие дебелината на листот направен од разни материјали, кои поради својата дебелина им овозможуваат на сопствените електрони екстремно лесно да прескокнат од еден на друг атом, што ги прави суперспроводници (често и на обични температури).

Научниците предупредуваат дека е сеуште рано да се каже дали ќе може да се искористи Мајорана фермионот во идните квантни компјутери, но дека надежите се насочени токму таму. Инаку се претпоставува дека овој фермион не е единствената честичка која ги има карактеристиките на материја и антиматерија во исто време, но е најлесна за добивање преку користење на најмалку енергија.

Извор: PopSci, Engadget

Претходна статијаProject Spark конечно достапен за Xbox One и Windows 8.1
Следна статијаДубаи ќе ги опреми полицајците со Google Glass