Shutterstock.com

Доколку досега немате прочитано, Елон Маск има уште една компанија наречена Neuralink која изминатите години работи на развој на технологија за поврзување на човековиот мозок со компјутер.

Во текот на вчерашниот ден од компанијата предводена од Елон Маск лично, презентираа до каде се со развојот на технологијата и што точно е тоа на кое работат. Тие истакнуваат дека планираат да почнат со тестирање на технологијата на човек до крајот на идната година, па ќе биде интересно да се види дали тоа навистина ќе се оствари.

Технологијата на која работи Neuralink е технологија која овозможува поврзување на мозокот на човекот со компјутер. Ова секако не е нова технологија и ова не е првата компанија која работи на вакво нешто.

Разликата е што Neuralink работи на различен пристап од тоа што е достапно, а разликата е во начинот на којшто се поврзува чипот со мозокот. Neuralink се поврзува со мозокот со тенки, таканаречени конци кои се една четвртина од дебелината на влакно од косата.

Фактот што се користат овие „конци“ значи дека поврзувањето е флексибилно доволно за да може да ги поднесе сите движења во главата, без разлика колку се тие мали, тргајќи го на страна или барем намалувајќи го ризикот од оштетување на мозокот.

Иако желбата во иднина е да вградувањето на конекцијата се прави со помош на ласери, со што нема да мора да се буши преку черепот, кратко кажано, Neuralink во оваа фаза претстави и робот којшто тие го развиваат којшто би го правел поврзувањето, наместо човек.

За почеток целта на ваквата технологија е, како и на повеќето други достапни, да им се помогне на лицата кои имаат оштетување на видот или слухот, на пример, кои не можат да зборуваат, да мрдаат одреден дел од телото.

Сепак, Елон Маск истакнува дека во иднина оваа технологија би сакале да ја користат за поврзување со вештачката интелигенција со што човекот ќе добие можност за интеграција со истата и негово унапредување. Ова е цела друга филозофска тема на која може да се разговара, али очигледно Маск ја промовира како иднината на човештвото.

Во продолжение презентацијата на Neuralink која беше одржана вчера.

https://youtu.be/r-vbh3t7WVI
ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЧетири ситуации во кои „се забораваме“ користејќи ги нашите смартфони
Следна статијаГласот на Охридското Езеро – Проект што ги обединува технологијата, музиката и природата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.