Минатата недела, поточно средата 10-ти април, ќе биде запаметена во историјата кога за првпат беше прикажана слика од црна дупка, односно хоризонтот на настани, со што се докажа постоењето на овие вселенски појави.

„Сликањето“ е направено минатата година од страна на повеќе телескопи поставени на повеќе места на Земјата, креирајќи еден голем „виртуелен“ телескоп. Бројот и големината на добиените податоци се анализирала и средувала, до минатата недела кога стана можно да се прикаже како изгледа хоризонтот на настани околу црна дупка.

Оваа црна дупка, која се наоѓа во Messier 87 галаксијата, доби и свое име. Powehi е името кое беше дадено од страна на Лери Кимура од Универзитетот на Хаваи. На овие острови се наоѓаат 2 од 8те телескопи со кои беше направена сликата од црната дупка.

Инаку, името доаѓа од стар хавајски збор којшто на кратко кажано означува „украсен темен извор на бескрајно создавање“, односно на англиски во случај нешто да немаме преведно како што треба „embellished dark source of unending creation”.

„Да се има привилегијата да се даде хавајско име на првата научна потврда за црна дупка е многу значајно за мене и моето хавајско наследство кое доаѓа од „po“. Се надевам дека ќе бидеме во можност да продолжиме да ги именуваме и идните црни дупки од хавајската астрономија соодветно на Kumulipo.“ – истакна Лери Кимура.

ИЗВОРCNN
ИЗВОР 2Geek
Претходна статијаOutlook.com се приклучува на листата на пробиени познати сервиси
Следна статијаStar Wars: The Rise of Skywalker е името на деветтата и последна епизода
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.