MID with saturn for comparison

Оддамна знаеме дека Сатурн не е баш обична планета и дека се разликува од сите други планети во сончевиот систем. Таа е втора по маса, но тоа што ја разликува од другите е огромниот систем на прстени кои се во орбита околу планетата. Истите на Сатурн му даваат прекрасен изглед кој беше фотографиран од Cassini леталото на NASA. Сатурн е единствената планета во сончевиот систем која има толку богат систем на прстени, но не е единствената планета што има таков систем на прстени, ниту пак е толку импресивен во споредба.

Астрономите пронајдоа планета наречена J1407b и која има систем на прстени 200 пати поголеми од тие на Сатурн. Научниците од Универзитетот од Рочестер го пронашле ова необично вселенско тело од снимки од 2012 година. Тие забележале дека светлината од J1407 во одреден период била намалена и прекинувана и тоа во рангот на минути и часови.

За жал, J1407 е премногу далеку за да може директно да се набљудува, но затоа научниците направиле астрономски модел кој ги земал предвид прекинувањата на светлината. Според пресметките, се покажало дека светлината на кафеавото џуџе е прекинувана од некој огромен систем на прстени од планетата J1407b која орбитира околу оваа (неуспешна) ѕвезда. Базирано на нивните пресметки дијаметарот на системот на прстени е скоро 120 милиони километри долг и има маса колку Земјата. Астрономите дополнително пронашле празнина во еден дел од системот на прстени, за што веруваат дека е направена од некој сателит на J1407 кој се формирал од прстените.

За споредба, ако Сатурн имаше ваков систем на прстени тој ќе се гледаше преку ден со голо око, како што покажува сликата веднаш над овој пасус. Баш не` интересира уште какви чуда ќе најдеме кои постојат во вселената.

Извор: IFLScience

Претходна статијаMicrosoft го прекинува производството на Surface 2 и со тоа го завршува развојот на Windows 8 RT
Следна статијаНаучниците најдоа начин како да одварат (белка од) јајце