fbc6ddcc-407d-47b4-8ea2-1609ce0e7830

Американската агенција за храна и лекови (FDA – Food and drug administration) одобри уред кој што се вградува во желудникот, наменет за дебелите луѓе кои што немаат успех со намалување на тежината. Ова е првиот одобрен уред, односно „лек“ за справување со дебелината во последните 7 години.

Уредот е направен од страна на EnteroMedics, а е наречен Maestro Rechargeable System. Се вградува во желудникот и се поврзува со вагус нервот кој што е задолжен за одредени работи поврзани со дигестивниот систем и срцето. Во овој случај потребна е неговата поврзаност со желудникот, односно сигналите кои што се испраќаат од него до мозокот за тоа дали тој е полн или празен.

Она што овој уред треба да го направи е да го „излаже“ мозокот дека желудникот е полн со што ќе се постигне порано чувство на ситост кај корисникот на уредот. Со тоа корисникот би требало порано да застане со јадење, а поради тоа да внесе и помалку енергија, односно калории.

3a91136d-25a0-43b1-99c2-3ab7f5341b02

Помалиот внес на калории е директно поврзан со намалувањето на тежината, поточно доколку внесуваме помалку енергија од тоа што трошиме, тежината ќе почне да се намалува.

Пред да биде одобрен од страна на FDA, Maestro бил подложен на клинички тестирања на две групи на пациенти. Кај едната група уредот бил вграден и вклучен, додека кај другата само вграден, но не бил вклучен, односно тоа била пласибо групата.

Резултатите после 12 месеци на тестирање покажале дека тие кои што го користеле вклучениот уред, симнале околу 8% повеќе од нивната тежина за разлика од пласебо групата. Тоа е помалку од барањата на FDA за одреден лек или уред да може да биде одобрен, односно тој требало да покаже барем 10% подобри резултати. Тој сепак е одлучено да биде одобрен, по што ќе следат дополнителни тестирања.

Пациентите во САД нема да можат да го купат овој уред кога сакаат и каде сакаат. Тој ќе биде достапен во одредени клиники и ќе биде одобруван само на пациентите кои што имаат BMI индекс поголем од 35, заедно со некоја болест поврзана со дебелина, како што е Тип 2 дијабетес.

Дебелината кај луѓето е еден од поголемите проблеми на модерното општество. Огромни сума на пари се трошат за лечење на болестите предизвикани од дебелината, па државите бараат начини како да влијаат на намалување на истата.

Извор: Engadget, FDA, EnteroMedics

Претходна статијаGoogle ќе започне со тестирање на Project Ara во Порторико
Следна статијаNASA: 2014 е најтоплата година од почетокот на официјалното мерење во 1880 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.