NASA

Opportunity, роверот на NASA изгледа е на чекор до историско откритие. Научниците од Американската вселенска агенција сметаат дека нивната сонда конечно успеа да обезбеди доказ за присуството на вода на Црвената планета.

Со години се шпекулира дека под слоевите прашина  и песок на површината на Марс се крие вода. Според претпоставките истата е веројатно во цврста агрегатна состојба. Меѓутоа, за да се теоретизира за евентуално населување или колонизирање на Марс, потребно е на него да биде востановено постоењето на вода во течна состојба.

Opportunity
Media: NASA

Она што научниците сега велат дека е доказ за постоењето на вода се всушност траги пронајдени на површината на карпи. Популарно наречените „камени риги“ настануваат како резултат на повторливиот процес на замрзнување и одмрзнување на мокро земјиште. Слични траги можат да се видат и на нашата планета. Истите се настанати пред илјадници години при процесот на повлекувањето на водата. За тимот научници овие „риги“ пронајдени во Долината на Истрајноста се доволен доказ за постоењето на атмосферски води на Марс. А тие пак, ветуваат голем потенцијал за понатамошните истражувања.

Сепак, скептиците не се воодушевени од податоците на Opportunity. Според нив ваквите траги немаат ништо заедничко со вода. Нивното објаснување се темели на фактот што ветерот има слично влијание врз површината. Па така, сосема возможно е трагите да се настанати како последица на ветер. Сосема изводливо е силен ветер низ Долината да формира контури кои наликуваат на воден слив. Ова тврдење е сосема издржано со оглед на тоа што факт е дека површината на Марс е изложена на силни ветрови.

ИЗВОРNew York Post
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаИднината на нашата приватност е застрашувачка
Следна статијаGoogle создаде софтвер кој дијагностицира срцеви заболувања преку скенирање на окото