Плуто на работ на сончевиот систем / Shutterstock.com

Нарушувањето на движењето на објектите после планетата Нептун со години е извор на интересни теории, а посебно за тие кои веруваат во теориите на завера. Овој дел од сончевиот систем е наречен Кајперов појас и е составен во главно од карпести објекти.

Движењето на овие објекти околу сонцето е нарушено во одредени делови со што единствениот заклучок до којшто може да се дојде за да се објасни тоа е постоењето на некаков објект со доволно голема гравитација.

Така настанува теоријата за Планетата 9 или Планетата X за која се претпоставува дека е 5 пати поголема од Земјата и орбитира околу Сонцето на далечина 250 пати поголема од Земјата.

Сепак, оваа планета, односно што и да е објектот кој се верува дека мора да постои во тој дел од сончевиот систем, уште не е откриен, а изгледа со ова ниво на технологија и инвестирање во вселенските истражувања, толку и можеме да направиме како човештво.

Двајца научници од Универзитетот од Илиноис во Чикаго објавија труд во којшто тие поставуваат нова теорија. Иако се верува дека шансите за ова се помали, дури и тие тоа го признаваат, сепак сметаат дека на овој начин може да се прошири начинот на којшто се бара објектот.

Според нив, во делот од сончевиот систем после Нептун, можно е постоење на мала примордијална црна дупка. Примордијална значи дека оваа црна дупка е создадена уште на почетокот на универзумот, барем според тоа што во денешно време се верува дека е почеток. Поради тоа, истата е многу помала, се верува со големина на голф топка или кугла за куглање, но сепак нејзината гравитација е огромна.

Научниците не ја исклучуваат оваа теорија како можна, но сепак во овој момент и нема како да се истражи и провери нејзината точност. Останува тогаш само идејата на научниците од Чикаго, да со ова мотивираат нови начини на барање на мистериозното тело во тој дел од сончевиот систем.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаWindows 10 May 2019 Update конечно спремна за пуштање кај сите корисници
Следна статијаЗапочна Бизнис 3х3 Баскет во СЦ „Јане Сандански“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.