Во наредната мисија од NASA која ќе носи нов ровер на оваа планета, од агенцијата планираат да испратат и мал хеликоптер којшто ќе биде тестиран во тамошните услови.

За разлика од условите кои ги имаме тука, на Земјата, каде летањето на хеликоптери и други летала е прилично „едноставно“, на Марс условите се целосно различни. Ова ја прави можноста за летање на оваа планета многу покомплицирана, но тоа е тоа што го прави целиот овој проект интересен.

За да можат да бидат сигурни дека леталото, односно малиот хеликоптер, ќе може да лета на Марс, од NASA овие неколку месеци имаат правено тестирања во околина прилагодена да биде слична на таа на Марс.

Инаку, густината на атмосферата на Марс е само 1% од таа на Земјата, а исто така грацитацијата е две третини од таа на која сме научени тука.

За тестирање на леталото е користена факуум комора која веќе се користи за тестирање на уреди за Марс. Условите во истата биле прилагодени според тие на планетата, а интересно е какво решение е користено за намалување на ефектот на земјината гравитација.

Во основа, леталото е „влечено“ нагоре со сила соодветна да симулира две третини помала гравитација.

Тестирањата на крајот се поминати успешно, па ова летало ќе го видиме на Марс, а очекуваме и одлични слики од него.

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаGoogle ќе ги потсети корисниците во Европа дека имаат избор од прелистувачи и апликации за пребарување
Следна статијаРутини на познати личности: Џек Дорси (CEO на Twitter)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.