gistemp_map_2014_withyear

Дали глобалното затоплување е навистина предизвикано од човекот или од нешто друго е дел од дебата која што се одвива помеѓу дел од научниците и поборниците на теориите на завера. Дел од дебатата е и дали воопшто температурата на земјата бележи покачување или варијациите се стабилни и нормални за подолг период.

Како и да е, научници од NASA, како и од NOAA (National Oceanic and Atmospheric Administration), излегоа со статистики за пресечната светска температура од 1880, па навака. Според информациите собрани, изминатата 2014 година е најтоплата година во овој временски период.

Интересно е што податоците од NOAA покажуваат дека 9 од 10-те најтопли години се во 21-от век, односно од 2000, па навака, со исклучок на 1998. За оваа година се тврди дека покачувањето на температурата е резултат на варијацијата на El Nino, температурата на водите во Пацификот. Според некои од контактираните статистичари, шансите за вакво нешто да се случи случајно, односно без влијание од човекот се 650 милиони спрема 1.

Просечната температура во 2014 година изнесувала околу 14,6 Целзиусови степени, 0,69 степени повеќе од просекот во 20-от век.

Причината поради која што се верува дека се зголемува температурата на Земјата е поради познатото глобално затоплување. Тоа е резултат на ефектот на стаклена градина кој што се случува поради зголемената емисија на јаглерод диоксид во атмосферата. Зголемената емисија е резултат на искористувањето на јагленот, нафтата, природниот гас и слични активности кои што не би се случувале без човекот.

Извор: The Verge, abcNEWS, NASA

Претходна статијаПејсмејкер за желудникот, треба да го намали чувството на глад
Следна статијаMicrosoft патентира нов мод, кој автоматски ќе го исклучи ѕвонењето доколку сте во кино или на театар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.