Преку својот Twitter профил, Елон Маск ни прикажа нова слика од базата во која би биле сместени луѓето од планираната мисија на Марс. На сликата исто така се гледа и новата BFR ракета која се’ уште е во развој од страна на SpaceX, а е главната ракета која е замислена за вселенски летови.

Минатата недела можевме да прочитаме како од компанијата ќе дојдат до дополнителни средства за продолжеток на развој на ракетата. Тие го најавија нивниот прв вселенски турист, јапонскиот милијардер Јусаку Маезава, кој ги откупи сите слободни места на ракетата за летот кој е планиран да оди дури до месечината, околу неа и назад. Летот околу месечината е најавен за 2023 година, па јасно е дека плановите за мисијата на Марс да започне до 2022 беа малку „преоптимистички“.

Покрај базата на Марс, чија замисла е прикажана на сликата, од SpaceX планираат и база на Месечината. Дали нешто од овие планови ќе се оствари, останува да видиме, меѓутоа нашето мислење е дека сепак прашање е само на време, а не дали ќе започнат овие најавени мисии.

ИЗВОРTwitter
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаТрева, виски и длабоки муабети – интервјуто на Роган со Маск
Следна статијаЖртвата на Сноуден не беше залудна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.