MIT-Microneedles-01_0

Главната причина поради која што одредени лекови се внесуваат преку инјекција е неможноста истото да се направи преку капсула. Лековите, посебно тие кои што се базирани на големи протеини, не можат да бидат внесени преку капсула поради тоа што тие се разградуваат во стомакот кој што е полн со киселини и ензими, пред да можат да бидат апсорбирани. Решението на овој проблем е директното внесување на лекот во крвотокот преку инјекции или инфузија, кои што како што сите знаете се ставаат под-кожно.

Меѓутоа дури и овој начин на внесување на лековите не е максимално ефикасен, посебно кога се работи за одредени делови од организмот до каде што потешко доаѓа дозата од лекот. Истражувачите од MIT универзитетот, како и Градската болница во Massachusetts работат на развој на нов начин на внесување на лековите, кој што од една страна ќе ја зголеми нивната ефикасност, а од друга страна ќе го тргне стравот кој што повеќето луѓе го имаат од примање на инјекции.

Се работи за мала капсула во која што се наоѓаат резервоар кој го содржи лекот, како и повеќе мали игли наменети да го внесат лекот во внатрешната облога на стомакот, тенкото и дебелото црево. Капсулата е со должина од 2 сантиметри и дебелина од 1 сантиметар во дијаметар. Иглите, кој што се со тенка облога од нерѓосувачки челик, се со должина од 5 милиметри.

Можеби се прашувате, барем кога се работи за стравот од игли, како е подобро да голтнете капсула полна со игли, наместо една игла да ве боцне на раката. Според истражувањата и искуството со пациенти кои што имаат голтнато остри објекти, според истражувачите од MIT, голтнувањето и проаѓањето на капсулата низ дигестивниот тракт е можно и не е опасно. Што се однесува до болката, пациентите не би почувствувале ништо поради тоа што во дигестивниот тракт нема рецептори за болка.

Оваа капсула моментално е во фаза на тестирање на животни, поточно на свињи. Тестирањата, кои што се направени со внесување на капсула која содржи инсулин, имаат покажано дека дозата е внесена поефикасно за разлика од користење на инјекции и притоа се немаат појавено никакви несакани ефекти додека капсулата има пројдено низ дигестивниот тракт. На капсулата и било потребно една недела за да целосно помине низ дигестивниот тракт, а истражувачите немаат најдено никакви знаци на оштетување на неговото ткиво.

Истражувањето е направено на капсула со инсулин, меѓутоа очекувањата се дека таа била најмногу корисна за внесување на био-лекови како што се антитела кои што се користат за третирање на рак и автоимуни пореметувања како артритис или кронова болест.

Извор: MIT, Engadget, Geek

Претходна статијаKim Dotcom ја напушти неговата Baboom: „Музичката индустрија ме мрази“
Следна статијаOpbrid Busbaar: Систем за брзо полнење на електрични градски автобуси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.