cassiniwatch

При прелетот на сондата на НАСА „Касини“ на 21 Август оваа година, истата успеала повторно да сними чудна појава во јаглеводородно море на Титан, еден од Сатурновите сателити. Имено оваа појава беше снимена и во 2013 година и изгледа како посветол дел од морето. Иако првично научниците од НАСА сметале дека ова е привремена појава во морето која нема да остане, таа повторно била забележана што им внело одредена доза на сомнеж околу нејзината природа, особено зошто се појавува на токму истата локација.

Првичните сомневања дека снимката е некаков артефакт или проблем во опремата за снимање се отфрлени. Оттука, научниците претпоставуваат дека истиот феномен може да биде поврзан со плимата и осеката на морето на Титан и може да биде изградена од подводни бранови, цврсти материјали кои пловат или се под површината или уште нешто поегзотично.

Тие ќе продолжат со истражување на овој феномен за да можат да ни` откријат што точно се случува на површината на Титан.

Инаку сондата Касини беше лансирана во 1997 година со специјална мисија да го проучува Сатурн и неговите сателити, како и да ја тестира теоријата на релативитет. Во текот на оваа година нејзините наоди укажаа на можноста за постоење на микробиолошки живот во подземниот океан на Сатурновиот сателит Енцеладус.

Извор: Phys.org

Претходна статијаOpbrid Busbaar: Систем за брзо полнење на електрични градски автобуси
Следна статијаРоботите наскоро ќе нè заменат во работата