На 4ти октомври започнува годишната прослава на Светската недела на вселената во Македонија, со темата “Месечината: Порта кон ѕвездите”. Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година за решавање на предизвици на планетета земја и во вселената.

“Секоја година од 4 до 10 октомври луѓето од целиот свет се собираат за да ги прослават достигнувањата во истражување на вселената, и да ги едуцираат и инспирираат младите”, велат локалните координатори на Светската недела на вселената во Македонија, Марина Таневска и Дора Локвенец

Во оваа иницијатива изминатата 2018 година, се вброија над 5.000 настани во 93 земји, меѓу кои и Македонија, а оваа година се очекува бројот на настани да е уште поголем.

Овогодинешните активности на Неделата на вселената во Македонија вклучуваат предавања во планетариум, работилници за деца од различни возрасти во соработка со едукативниот центар Скампер и посета на мегалитската опсерваторија Кокино, за кои повеќе информации можете да најдете на официјалната фејсбук страница.

Ги повикуваме сите вљубеници во вселената и небесните тела да се вклучат во иницијативата и да ги посетат настаните кои се подготвени оваа година за заедно, уште еднаш, ја одбележиме оваа Светска недела на вселената.

Претходна статијаMicrosoft го имаше еден од поинтересните настани годинава, а еве што се беше претставено
Следна статијаPixyle.ai, стартап компанија од Штип ќе биде дел од Word Summit AI во Амстердам