Humm е американска компанија чиј тим е составен од истражувачи и научници од областа на невронауката, медицината, бизнис, инженерство и повеќе. Со други зборови, се работи за компанија составена од научници, а и самите производи се развиваат во соработка со универзитети, како Беркли од Калифорнија.

Од компанијата претставија уред кој е во форма на лепенка која се поставува на челото. Овој уред треба да ја подобри таканаречената работна меморија на мозокот и со тоа да ја подобри концентрацијата и способноста за учење кај корисниците.

Уредот на Humm ја насочува својата енергија кон префронталниот кортекс на мозокот. Методата која ја користи е наречена tACS – transcranial alternating current stimulation на која повеќе научници и универзитети имаат работено изминатите неколку децении и за истата се тврди дека е безбедна.

Со насочувањето на енергијата кон мозокот се има за цел да се постигне подобрување на работната меморија на мозокот. Работната меморија претставува привремена меморија во која мозокот ги памети информациите како броеви, имиња и слично. Оваа меморија му овозможува на мозокот да решава проблеми, но и да памети, на пример, телефонски броеви.

Оваа меморија е важна за моментите кога мозокот треба да прими нови информации, односно кога човекот учи нешто. Истата станува се послаба како старее човекот, а процесот започнува уште во дваесеттите годни од животот.

Уредот најмногу е наменет за нешто постарите луѓе кои сакаат да учат нешто, да работата одредени работи и да постигнат ефикасност на мозокот како кога биле помлади. Од компанијата даваат пример за што е наменет нивниот уред, а тие вклучуваат работи како подобро паметење, подобро концентирање, подобар мултитаскинг, подобрување на менталните способности без потреба од стимуланси.

Интересно е што цената на уредот би била околу 5 долари по „лепенка“ и истите се користат по околу 15 минути на ден, по што се добива ефект од околу час и половина. Подобрувањето на меморијата, според тестирањата, е 20% во споредба со учесниците кои имале добиено плацебо.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.