Стоењето како и седењето имаат свои предности но и недостатоци
Standing-desk-pic
Работењето во стоечка положба не е добро за здравјето

Во потрага по најздравиот начин на работа, односно во потрага по најздравата положба на телото за време на работата, научниците дојдоа до интересни и контрадикторни сознанија. Научниците открија дека ниту една положба на телото за време на работата не е најдобра. До сега добро познато е дека долготрајното седење може да биде опасно по здравјето и животот – имено може да предизвика срцеви проблеми и др. и да го скрати животниот век. Долготрајното стоење од друга страна пак, може да предизвика сериозни проблеми со проширени вени и сл.

Научниците детално анализирајќи 20 од најквалитетните истражувања до сега за тоа која положба на телото е најдобра за работа, не само што открија дека стоењето исто така е опасно, туку дојдоа до заклучок дека не постојат доволно податоци и докази за тоа дали некое од алтернативните помагала и нови идеи за работа е подобро од стандардното седење зад работната маса. Истражувачите што ја спровеле анализата во извештајот Cochrane Database of Systematic Reviews тврдат дека сите студии биле премали (спроведени на премала група испитаници вкупно 2174) или лошо дизајнирани, со малку или без контролни групи по случаен избор. Научниците не можеле да дојдат до конкретен заклучок исто така бидејќи студиите само ги следеле здравствените состојби на испитаниците многу краток период и тоа само шест месеци.

Она што ние всушност го дознавме е дека повеќето од овие помагала се многу модерни, но недокажани дека се добри за здравјето“ – истакнува Џос Врбик (Jos Verbeek) коавтор на анализата и истражувач за здравје од Финскиот Институт за медицина на трудот. Останува нејасно дали стоењето може да ги поправи штетите настанати од прекумерно седење и понатамошни студии се потребни за точно да се дефинира влијанието врз здравјето што го има секоја положба на телото при работа.

Стоењето како и седењето имаат свои предности но и недостатоци
Стоењето како и седењето имаат свои предности но и недостатоци

Сепак, седењето и стоењето покрај своите лоши последици по здравјето, имаат и свои предности. Затоа треба да ја одберете положбата за работа (секако дококлу условите за работа тоа ви го овозможуваат) што вам најмногу ви одговара. Но, уште поважно е да балансирате и од време на време да ја променувате положбата на своето тело или едноставно од време на време ѕенѕајте со некој дел од телото. Иако научниците не докажале кое од овие помагала е најдобро, сепак треба да ги имате во знаење и да го одберете она што вам најмногу би ви одговарало.

Можеби пешачењето за време на работата е најдобра опција.
Можеби пешачењето за време на работата е најдобра опција.

Постојат повеќе модерни алтрнативни помагала, опции и начини за комбинација на двете положби на телото во кои најчесто се работи. Тие имаат за цел да ги намалат негативните ефекти како од прекумерното седење така и од стоењето. Некои од нив овозможуваат дури и спортување за време на работата, трошење на вишок калории и можат да го подобрат целокупното здравје.

LeanChair – Kickstarter на пример претставува модерна „столица“ на која не се седи, за работење во полунавалена позиција на телото. Тоа е проект за многу поздраво работење на биро. Сите оние кои секогаш имаат изговор за да не практикуваат редовна физичка активност како што е пешачењето поради тоа што се презафатени, постои опција да работат пешачејќи на лента за трчање покрај своето биро или пак да работат возејќи велосипед.

Извори: Ars Technica, NPR

Претходна статијаКако да пристапите до вашите фајлови на компјутерот преку OneDrive
Следна статијаПостоењето на 9-та планета стана уште поверојатно