По официјалната презентација на Starship минатата сабота, Елон Маск сега прикажа и видео кое ја прикажува внатрешноста на ова огромно вселенско летало.

Во оваа фаза тоа не е целосно изработено, па внатрешноста е изненадувачки празна, а од порталот Cnet убаво ја споредуваат со досега најголемиот силос што го имате видено.

Инаку, Starship е можеби еден од најамбициозните вселенски летала, не само од SpaceX. Ова летало, кое може да пренесува и товар и луѓе, за почеток ќе се користи за летање до орбитата и Месечината, но главната употреба ќе му биде за мисијата на Марс.

Како погон Starship ќе ја користи Super Heavy ракетата која треба да биде составена од повеќе од 30 Raptor ракети, а кога ќе се земе во предвид големината на леталото, тоа воопшто не чуди.

Тоа што е карактеристично за Starship е што целото негово тело е изработено до нерѓосувачки челик, материјал кој обично не се користи за вакви летала поради неговата тежина. Во продолжение интересно видео во кое се објаснува зошто Starship користи челик.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаДобротворниот хакатон KindHack по втор пат во Скопје
Следна статијаMicrosoft ги прави последните истражувања пред донесување на Edge на Linux
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.