Во саботата Елон Маск официјално го прикажа Starship, ново вселенско летало кое е наменето за пренесување на луѓе, не само товар, надвор од земјината орбита. Ова летало за почеток се планира да пренесе туристи околу Месечината, по што главната мисија треба да му биде Марс.

Презентацијата се одржа во државата Тексас во САД на 11 годишнината од првото успешно лансирање до орбитата на Земјата од страна на SpaceX. Елон Маск истакнува дека успешното лансирање било многу клучен момент во развојот на компанијата, нешто што довело до привлекување на инвеститори и работите кои денес ги има постигнато и овозможено SpaceX.

Во саботата, Елон Маск застана на сцена која изгледа мала во споредба со огромното летало Starship кое беше поставено во својата целосна форма и спремно за лансирање. Првите тест летови на Starship се најавуваат за наредните месеци кога тоа треба да достигне висина под орбитата на Земјата, а идната година да дојде и до орбитата.

Starship е направен од нерѓосувачки челик, а покрај ракетите на него, се планира додавање на цела група на ракети наречени Raptor кои се дел од Super Heavy ракетата.

Според Маск, клучната работа во овозможувањето луѓето да почнат да стануваат повеќе планетарен вид е развојот на летата кои можат повторно да се користат. Тој тоа го спореди со авиони, автомобилите и слично и истакна дека доколку се остане на летала кои само еднаш може да се користат, мисиите нема да бидат баш исплатливи.

Тој исто така истакнува дека човештвото мора да почне да населува и други планети, а од говорот можеше да се види дека тој дава посебно значење на ова.

Целата презентација и говор на Маск можете да го видите на видеото во продолжение.

ИЗВОРWired
Претходна статијаТри апликации со кои ќе ја зголемиш својата продуктивност
Следна статијаУште едно „hands on“ видео од Google Pixel 4 XL ни го прикажува целосно овој телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.