Rodion Kutsaev / Unsplash

Едно од најраспространетите верувања кога се работи за приватноста на корисниците во ова модерно време, е кратко кажано, дека таа не постои. Ова посебно е случајот од кога почнавме да дознаваме до какви информации властите сакаат да дојдат, на какви начини сето тоа го прават, а најновите скандали со Facebook не помогнаа во „смирувањето на јавноста“.

Работите отидоа до таму да почнеме да веруваме дека нашите смартфони ги „слушаат“ нашите разговори, па истите се испраќаат на серверите на кој и да е тој што слуша. Иако ова верување останува за самите оперативни системи, а тука се секогаш малициозните алпикации, сепак истражувањето на еден универзитет од САД, покажа дека апликациите кои ги користиме масовно, не го прават тоа.

Истражувањето е направено во Northeastern Универзитетот од Бостон, САД во времетраење од една година. Во оваа година, истражувачите користејќи автоматизиран систем, ставиле на тест 17.260 апликации, на 10 различни Android телефони.

Помеѓу овие апликации, тестирана е и Facebook апликацијата, како и 8.000 апликации кои испраќаат информации до Facebook. Од сите овие апликации, 9.000 имале дозвола да го користат микрофонот на уредот, како и неговата камера.

Заклучокот од година дена тестирање е дека никоја од тестираните апликации нема испратено аудио фајл, односно нема испратено аудио до некој непознат сервер.

Од универзитетот истакнуваат дека иако нивните заклучоци се дека апликациите не ги снимаат нашите разговори тајно, тие тоа сепак не можат да го тврдат со 100% сигурност. Автоматизираното тестирање прави да тие не можеле да се најават на овие апликации, па не се исклучува можноста за дополнителни „случувања“ кога човек ја користи апликацијата.

При истражувањето од универзитетот имаат откриено друга работа која ја нарушува приватноста на корисниците. Голем број на апликации испраќале слика или снимка од екранот на корисникот до трети страни, односно компании за истражување и слично.

Некои од тие апликации работеле со лични информации, а истото го немаат истакнато во нивната политика за приватност.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПредлог за филм: Тивко место (2018)
Следна статијаGalaxy Note 9 тестиран од руска веб страна месец пред официјалното претставување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.