Shutterstock.com

Иако мобилните мрежи се користат масовно веќе неколку децении, истите добија на „популарност“ во вестите повторно со почетокот на надградбата на 5G, односно петтата генерација од овие мрежи.

Иако некои оператори веќе нудат 5G услуги, барем во дел од нивната покриеност, сепак главната надградба кај повеќето ќе се случи идната година. Без разлика какви ќе бидат дискусиите овие месеци, пуштањето на новата мрежа е нешто што сигурно ќе се случи.

Причината поради која 5G стана толку популарна не е поради значително поголемите брзини кои ќе ги нуди, можноста за поврзување во исто време на значително поголем број на уреди, туку поради вестите дека истата има негативно влијание по човековото здравје, а работите отидоа до таму да се тврди дека на место каде се тестира оваа мрежа, се случувало умирање на гулаби.

Во денешно време со достапноста на информации, тешко е да се дојде до точен заклучок, а посебно кога темата не е баш така јасна. Лажните вести ги има можеби и почесто од обичните, поради тоа што тие повеќе го привлекуваат вниманието кај луѓето кои само чекаат да најдат нешто што не е во ред.

Истражувањата, а и ние пишувавме на оваа тема веќе, не се баш во согласност со тоа дали 5G мрежата има негативно влијание. Според Cnet, во голем дел тоа се должи на тоа што има огромен број на евтини истражувања кои не се направени како што треба, истражувања кај што почесто се покажуваат негативните резултати, за разлика од тие кои чинат повеќе.

Во основа, истражувањата се сведуваат на истражување на радиоактивноста на мрежите и ефектот врз клетките кај луѓето.

Секогаш најдобар начин да се дознае за нешто е добро да се истражи, а тоа истражување да почне со дознавање повеќе за тоа како функционира одредена технологија, а во овој случај и нешто повеќе за радиоактивност, клетки и слично. Се друго е читање на статии кои сакаат да привлечат внимание со тоа што се негативни, а луѓето веруваат во нив, иако немаат доволно познавање од темата за да воопшто можат да донесат заклучок. Тоа посебно важи кога се верува во статија која нема доволно факти, туку само тврдења.

Видеото во продолжение според нас е одлично направено. Ги објаснува основните работи кои треба да се познаваат ако се сака да се размислува на оваа тема, а се споменуваат и истражувањата кои се направени досега.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаТим од научници развија „панталони“ кои го помагаат одењето и трчањето
Следна статијаПознатиот „Evleaks“ објави слики од Huawei Mate 30 уредите на неколку дена од нивното официјално претставување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.