AV-TEST

Независниот германски институт за тестирање на интернет безбедноста, AV-TEST, е еден од најпознатите и најмногу ценетите во светот. Тие веќе со години ги тестираат најпознатите апликации за безбедност на компјутерите, односно анти-вирус апликациите достапни за Windows, а во меѓувреме почнаа со тестирање и на Android.

Листата која нас најмногу не интересира е таа за Windows 10, за домашни корисници. Најновата листа е од тестовите направени во јуни 2018, а како што истакнуваат од институтот, тестовите се направени со моментално најновите достапни верзии од апликациите. Исто така, апликациите се оставени да бидат ажурирани, како и да бидат во контакт со нивниот „cloud“ сервер за максимална заштита.

Ознаката TOP PRODUCT во јуни 2018 ја имаат следните апликации:

  • Norton Security 22.14
  • Windows Defender 4.12
  • McAfee Internet Security 21.1 и 2
  • Kaspersky Internet Security 18.0 и 19.0
  • Bitdefender Internet Security 22.0
  • Avira Antivirus Pro 15.0
  • Avast Free AntiVirus 18.3 и 4
  • AhnLab V3 Internet Security 9.0
  • VIPRE AdvancedSecurity 10.1
  • eScan Internet Security Suite 14.0
  • AVG Internet Security 18.3 и 18.4

Последните три апликации од листата, иако се означени со TOP PRODUCT, ја немаат максимална оценка за заштита.

Максимална оценка за заштита имаат и следните апликации кои не се означени како TOP PRODUCT: Trend Micro Internet Security 12.0, K7 Total Security 15.1, GData InternetSecurity 25.4, F-Secure Safe 17, Comodo Internet Security Premium 10.2.

Она што е интересно во оваа листа е оценката за заштита која ја има Windows Defender, односно максималната оценка. Досега оваа апликација од Microsoft ги имаше најниските оценки, па очигледно од компанијата се имаат погрижено тоа да не остане така. Тоа значи дека корисниците можат да бидат прилично сигурно во нивниот компјутер, односно дека тој нема да фати вирус, дури и да не инсталираат некоја апликација, а да ја користат вградена во Windows 10.

Деталните резултати по апликација можете да ги погледнете на страна на AV-TEST.ORG, односно на следниот линк.